Автор: Любомир Милетич (публикувано в сборника „Револуционерните борби во Тиквешиjата“, Скопие, 2001 г.)
Пренесъл от PDF и обработил: Павел Николов
Во Тиквеш немаше никакви борби. Српските војски во Кавадарци и во Неготино влегоа на 24.X.1912 година.
На 8, 9 и 10 ноември кавадаречкиот архијерејски намесник, свештеникот Григор Лазаров и учителот П. П. Атанасов беа во службена посета во селата. На 10 ноември беа задржани од српски војници во с. Прждево и одведени на железничката станица Демир Капија. Овде српските офицери се подигруваа, го пцуеја и плукаа архијерејскиот намесник, зашто им се претстави "бугарски архијерејски намесник во Кавадарци", а пак учителот Атанасов го тепаа. Одовде ги испратија на струмичката станица, каде што се наоѓаше командантот на Тимочката дивизија, и тука биле плукани и пцуени. Потоа биле испратени настаницата Криволак. Таму останаа три дена во затвор и дури потоа беа ослободени.
Во сета околија настана жесток грабеж. Ограбените дуќани и оставените поради страв куќи во Неготино и Кавадарци беа разурнати за да го земат војниците дрвениот материјал што го употребуваа за греење. Поради тоа беа исечени буквално сите дрвја - плодни и неплодни, во полето и шумата. За ништо не се дозволуваше никаква жалба. Тодор Белчев од с. Ваташа (Тиквеш) си дозволи на 24 декември да им се пожали на офицерите во неговото село дека му биле украдени овците, но наместо ова да биде испитано, тој бил жестоко тепан со стап.
Во Ваташа беа расположени 1200 војници. По заповед на офицерите општината мораше да им доставува дрвја, јаглен и гас. На 11 јануари војската го напушти селото. Претседателот на општината и еден од советниците отидоа кај офицерите за да ја побараат сумата од 7847 гроша што војската ја должеше. Наместо парите да бидат пла¬тени, луѓето биле навредувани и избркани надвор.
Во првите 5 дена од доаѓањето на војската, потребниот леб како за оние војници што останаа во Неготино и Кавадарци, така и за тие што поминуваа оттаму одејќи за Прилеп, беше доставуван од месните фурнаџии. Ден и ноќ тие работеа со вонреден напор за да ја задоволат потребата од леб и за ова не добија ниту реквизициска белешка, ниту пари. На 14.I.1913 година во Тиквеш дојдоа нови српски војски. Со нив дојдоа и 50 српски четници. Оттогаш почна систематски терор врз Бугарите, Турците, пак, беа целосно толерирани.
Почнаа со архијерејскиот намесник. На 14 јануари во Кавадарци се слушна глас дека од Струмица доаѓа владиката Герасим. Архијерејскиот намесник излезе надвор од селото во пресрет на владиката, но тој не дојде. На враќање архијерејскиот намесник беше жестоко тепан среде село од еден српски офицер и двајца четници зашто излегол во пресрет на "бугарашки" владика. На 15-ти истиот месец овој офицер и четниците го сретнаа во чаршијата нашиот четник Коле Галабов и го претепаа за ништо. На 16-ти истиот месец го тепаа Пано Туриманцов.
На 20, 21 и 23 јануари, без да го одземаат оружјето од Турците (Помаци), во Неготино беше спроведен детален претрес во бугарските куќи за да се одземе оружјето и да биде најден војводата Тодор Стојанов. Претресот беше извршуван од четници кои беа придружени од месни Турци (Помаци). За време на претресот имаше многу пљачкање и многумина беа тепани. Особено настрадаа Мише Бакалот, би¬дејќи војводата живееше кај него, и Доно Мојсов, зашто владиката оди на стан кај него кога доаѓа од Струмица. Се обидоа дури даја силуваат жената на Мите, но таа успеа да избега и се спаси. Доно е тепан многу лошо, телото му е и подуено и повредено на многу места. Исто така лошо е тепан Галаб Ѓорчев, а Алеко Сопотчето умре од тепањето.
Еден српски четник ги ограби парите од неготинската црква. Неготинци го фатија, но наместо власта да го задржи и суди, го осло- бодија. На црквата й вратија само еден мал дел од ограбените пари.
Крај Вардар, во местото Лачаник истиот четник ги исплаши коњите на Мише Поп Филипов, пукајќи со револвер. Коньите паднаа во реката заедно со колата и се удавија. Од сето тоа Мише имаше штета од 60 турски лири.
Во Ваташа беше тепано 17-годишното момче Борис П. Дуровски. Го тепал еден офицер со тупаници по главата и камење по гра¬дите зашто момчето, незнаејќи, го прашало еден Турчин каде оди, додека овој одел заедно со српски четници во с. Граниково, за да ги по¬каже Бугарите "опасни" за Србите.
Во Граниково се тепани Хр. Рипата и Петре П. Јовчев. Пос- ледниот е фатен од четниците и се уште се нема вратено.
Во Бегниште се тепани кметот Христо Спанцов, свештеникот Илија П. Глигоров и уште тројца луѓе. Го барале за да го убијат селскиот учител Коста П. Димитров, зашто, наводно, бил во Велес за да ја вика бугарската војска.
На 11 февруари Томе Нанев се венча со Марија Тодорова од с. Ваташа. На 15-ти истиот месец, кога мажот бил на работа, офицерот Милан Марковиќ, кој бил на стан во куката на Нане Орданов, ја граб¬нал невестата и ја однесол во својата соба. Потоа поставил надвор еден војник да внимава и ја силувал жената. Мажот, кога разбрал што се случува, се затрчал во куката на офицерот и се обидел да ја ослободи својата жена, која викала и плачела однатре, но војниците го задржале со насочени кон него пушки. Кога офицерот ја постигнал својата цел, ја пуштил невестата - разбушавена, исплашена и бескрајно засрамена. Сето село е во ужас од овој настан. Офицерот, пак, негибнат од ни ко¬го, апсолутно слободен, изгледа со некоја посебна гордост се шета низ селово.
Сите училишта се затворени. Не дозволуваат ни збор да се каже за нивно повторно отворање.
Ја симнаа таблата со натписот од зградата на архијерејското намесништво.
Забранија да се спомнува името на бугарскиот владика за вре¬ме на литургија и други служби.
Зборуваат, пцуејќи ужасно дека "бугарската пропаганда" успеала дури и Турците во Тиквешијата да ги направи Бугари (нашите Турци се Помаци). Но сега Тиквеш е српски и никој не смее да се нарекува Бугарин.
Направија попис на населението. Во Кавадарци, Неготино и Ваташа извршија големи насилства да ги натераат луѓето да се запи- шуваат Срби, но бидејќи тоа не им помогна, во другите села ги запи- шуваа само имињата без да прашуваат за народност. Потоа самите тие го запишуваа секој, во соодветната графа, како Србин.
Го ограничуваат слободното движеше. Дури и за најкратко излегување од селото бараат дозвола. Секоја дозвола чини 50 стотинки.
Секој што е поинтелигентен мора да бега. Така нашиот регион се запусти и е тешко да се соберат повеќе податоци за она што се случува таму сега.
ЗА АВТОРА: Роденият в град Щип акад. проф. д-р Любомир Георгиев Милетич (1863-1937, София) е един от най-видните български учени и интелектуалци от края на XIX век и първата половина на XX век, работил в сферата на езикознанието (и особено диалектологията), етнографията и историята. Представеният горе текст е писан през 1929 година.
Няма коментари:
Публикуване на коментар
Анонимни потребители не могат да коментират. Простащини от всякакъв род ги режа като зрели круши! На коментари отговарям рядко поради липса на време за влизане във виртуален разговор, а не от неучтивост. Благодаря за разбирането.